Тајните служби потврдија дека премиерот на Косово Хашим Тачи е мафијашки бос, пишува српскиот весник „Вечерње новости”.
– Извештајот на специјалниот обвинител на ЕУ за киднапирањата, убиствата и трговијата со човечки органи Клинт Вилијамсон ја потврди тезата од пред 4 години на специјалниот известувач Дик Мартин, дека Тачи е мафијашки бос и целиот свет го знаел за тоа, но не е пројавена желба за справување со него, пишува весникот.
Како што напиша Марти, аналитичарите на НАТО и службите на најмалку 4 држави добиле информации за злосторства, зад кои стои Тачи.
– Во извештаите на германското разузнавање БНД, италијанската СИСМИ, британската МИ6 и грчките разузнавачки служби, косовскиот премиер се смета за најопасниот „шеф на мафијата” на Ослободителната војска на Косово (ОВК), наведува Марти.
Информациите најчесто водат кон „Групата од Дреница” на Тачи, која имала главна улога во различни криминални активности. Покрај тачи, во групата биле и Џавит Халити, Истрели Весели, Азем Сила и Фатмир Лимај.
Изворите на Дик Марти тврдат дека Халити, Весели, Сила и Лимај, но и Хашим Тачи и други членови на „Групата од Дреница“ им давале наредби, а понекогаш сами организирале убиства, апсења и тепања во различни делови на Косово и спроведувале операции во Албанија во периодот меѓу 1998 и 2000 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ден на жалост на Косово поради смртта на Џорџ Буш постариот
-
Жената на Хашим Тачи го изневерува со претседателот на Собранието, ама и тој не и останал должен!
-
Скандал го тресе косовскиот политички врв: Сопругата на Хашим Тачи во љубов со собранискиот спикер Весели
-
Тачи ги повика граѓаните да се воздржат од каква било провокации



