| четврток, 6 декември 2018 |

Канада има најквалитетна вода за пиење

voda

Водата за пиење е услов за живот. Без вода нема можност за живеење. Во повеќето земји на светот водата од градскиот водовод не е соодветна за пиење па така ллуѓето се принудени да пијат флаширана вода. 

Иако во минатото водата била безбедна насекаде. Денес од преголемото загадување морате внимателно да внимавате каква вода пиете. Не ретко во водата се пронајдени канцерогени елементи кои го уништуваат организмот.

Минатата недела во САД се одржа 23 Годишно Меѓународно тестирање на вода „Berkeley Springs International Water Tasting“ Ова е најголемиот натпревар во тестирање на вода во светот. На натпреварот 11 судии со часови оценувале примероци од вода од 88 земји.

Судиите пресудија дека најмалиот град во Канада, Гринвуд има најубава и најздрава вода за пиење од водовод. Водата во овој град доаѓа од подземни водоносници и не е третирана.

Пристапот до пивка вода е од суштинско значење. Иако луѓето од современиот свет не обрнуваат големо внимание и не го цената тоа што го имаат, многу луѓе од Третиот свет имаат голем проблем за снабдување со пивка вода. Многу од распространетите болести и зарази во Африка се добиени како резултат на пиење на загадена вода.

Помалку познати факти за водата за пиење:

Просечно африканско семејство дневно троши 23 литри вода, а просечно американско семејство троши 946 литри вода.
Една милијарда луѓе во светот немаат пристап до чиста пивка вода.
На секои 8 секунди умира по едно дете поради загадена вода.
Годишно умираат 25 милиони луѓе поради загадена вода.
Токсините од загадената вода во телото остануваат повеќе години и може да се причина за рак и други болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top