
Вселенскиот брод од планетата на музиката „Вока“ вечерва во 21 часот ќе слета на Античкиот театар во Охрид. Израелскиот вокален ансамбл во еден и пол час ќе демонстрира како владее со човечкиот глас. Без никакви инструменти, исклучително а капела и битбокс, со што ги имитираат звуците на повеќе инструменти, со хумор и кореографија, музичарите од „Вока пипл“ во последните пет години го забавуваат светот. Проектот, чиј автор е продуцентот Лиор Kалфо, е замислен како состав од вонземјани што доаѓаат од далечната планета Вока и знаат да комуницираат само со јазикот на музиката.
Постојат пет години, а речиси нема педа на планетава што не ја посетиле. Имаат специфична костимографија – носат бели костими и маски на лицата, а имаат црвен кармин на усните. Затоа, специфично барање на осумтемина музичари за настапот во Охрид беше организаторот да им обезбеди гардероберка.
Иако се основани во Израел, музичарите доаѓаат од цел свет. Првиот видеоклип што групата го објавила на каналот „Јутјуб“ во 2009 година имал повеќе од 5 милиони гледачи. Оттогаш интересот за нивните настапи не стивнува.
Вока пипл“ има настапувано во повеќе од 25 земји. Членовите се на различна возраст – од 25 до 60 години
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


