| четврток, 6 декември 2018 |

Јотовски во ново полуфинале на турнирите во Србија

Томислав Јотовски вторпат во низа ќе игра во полуфиналето на турнирите од фјучрс серијата што се играат во Србија. Попладнево во Сомбор, Јотовски со 2-0 во сетови го победи францускиот тенисер Алексис Мусалек и е на добар пат да игра во уште едно финале на турнирите со награден фонд од 10 илјади долари.

Во неделата македонскиот тенисер настапи во првиот меч за титула во кариерата, на турнир во Ваево, но загуби на двапати со 6-7 од ФранцузинотМаксим Жанвие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top