Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ по повод 2 август, празникот ќе го одбележи со уредување и чистење на спомениците поврзани со Илинден со организирање на досега најобемната акција во која младите се поттикнати да се заложат за зачувување на трајните вредности и афирмирање на историското и културно наследство.
– Денес се одржува координирана акција низ целата држава каде што ќе бидат уредени и исчистени над 100 споменици во над 40 општини кои се значајни за населението каде што се поставени. Историјата треба да ја негуваме цело време искажувајќи им почит на оние што се бореле и покажале исклучителна величина и подвизи – вели Лука Кржаловски од младината на ВМРО-ДПМНЕ.
Кржаловски додаде дека зачувувањето на културно-историските вредности и афирмацијата на културно-историското наследство е една од основните работи на која е темели делувањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, притоа трајно врежувајќи им на младите дека треба да се грижат и да ги почитуваат оние што се бореле за независна Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)





