| четврток, 6 декември 2018 |

Со овие жени мора да бидете барем еднаш во животот!

зена 2
Повеќето мажи имаат одреден тип на жена која им се допаѓа и посакуваат токму така да изгледа нивната животна сопатничка. Меѓутоа, експертите за врски велат дека секој маж пред да се ожени, треба да биде со овие жени…

Алфа жена

Има повеќе искуство од вас, можеби е постара, а дефинитивно е помудра. Не станува збор за девојка која се забавува со пријателките и гледа згодни мажи во бар. Овој тип на жена точно знае што сака и како да го добие тоа. Со неа може да биде само маж кој има доволно самодоверба и не се сомнева во својата мажественост. Доколку се одлучите за врска со таква жена, не очекувајте дека ќе се прилагодува според вас.

Успешна, но скромна

Сте се запознале преку некој заеднички пријател. Нејзините вечери дома секогаш се претвораат во мини журки, бидејќи е омилена во друштвото. Знае како да се однесува во секоја ситуација, покрај неа сте опуштени и знаете дека никогаш нема да направи сцена и секогаш ќе се прилагоди кон новонастанатата ситуација. Овој тип на жена секогаш е материјал за долга врска и не очекувајте дека ќе се согласи на секс за една ноќ.

Секси и недопирлива

Ретко кога станува пред пладне. Секогаш има разбушавена коса и темна шминка околу очите од лудо поминатата претходна ноќ. Телото и` е совршено и затегнато од ноќи и ноќи поминати во играње во некој клуб,а токму таму и ќе ја запознаете. Од неа не очекувајте долга врска, туку само незаборавна забава.

Добра пријателка

Секогаш сте и се восхитувале, но таа ви била како еден од другарите. Затоа изгледало невозможно некогаш да ви стане девојка. Но, една вечер останавте сами и забележавте колку е убава, женствена, слатка…После неколку пијалоци и опуштено дружење дојде до секс. Сега е само прашање како работите ќе продолжат да се одвиваат – нова врска или непријатни моменти.

Откачена девојка

Жените од овој тип обично сакаат уметност, подучување на деца и имаат сосем поинаков ритам на живот од останатите. Тие се како свеж ветер среде жешки летни денови и имаат необични идеи. Можеби ќе ве однесат на журка каде што пијалоците се пијат од големи тегли или ќе споделат со вас се` што знаат за тантричкиот секс. Звучи совршено, нели? Единствениот проблем е тоа што секому кој не е таква личност, откаченоста му здосадува после некое време.

„Забрането овошје“

Вашата директорка, девојката на најдобриот пријател или омажена жена. Тоа обично се кратки и страствени афери после кои се чувствувате ужасно. Затоа се големи грешки, на кои не можете да им одолеете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top