| четврток, 6 декември 2018 |

21 година од крвавата свадба по која се распадна СФРЈ (видео)

На денешен ден пред 21 година, пред старата православна црква на Башчаршија во центарот на Сараево, додека што минуваше српска свадбена поворка, беше убиен таткото на младоженецот. Ова убиство се смета како иницијална каписла за почетокот на крвопролевањата во Босна и Херцеговина.

Во црквата Преображение тој ден се венчале Милан Гардовиќ и Дијана Тамбур. По црковната церемонија, сватовите се упатиле кон дворот на Стара црква каде што имало закажан свадбен ручек. Движејќи се до таму, патот на поворката го пресекол бел голф во кој имало четвори лица. Тие го нападнале таткото на младженецот кој одел прв и го веел српското знаме по што дошло до тепачка. Во тој момент Рамиз Делалиќ Чело истрелал куршум во Гардовиќ кој починал неколку минути подоцна во возило на Брза помош.

Истиот ден во Босна и Херцеговина се одржуваше референдум за незвисност на кои 62,7 отсто од граѓаните, претежно муслимани и Хрвати гласаа за напуштање на СФРЈ и овој ден се празнува како „ден на незавосноста“. Србите во Босна пак, овој ден го сметаат како ден кога е донесена нелегитимна одлука против српскиот народ и интереси, а воедно и како сеќавање на ова грозоморно убиство.

Првата жртва на судирите во Босна беше Никола Гардовиќ,а неговиот убиец Рамиз Делалиќ никогаш не излегол пред лицето на правдата. Веднаш по убиството, како одговор од српска страна подигнати се барикади низ цело Сараево, а во следните пет дена и во неколку други градови.

Делалиќ по почетокот на судирите во Сараево станал командант на Деветтата муслиманска бригада, а од Алија Изетбеговиќ добил пиштол со посвета за заслуги. Тој е убиен во Сараево на 27 јуни 2007 година. Тамошната полиција соопшти дека бил застрелан во криминална пресметка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top