| четврток, 6 декември 2018 |

Кампања на „Твитер“: Полјаците „јадат јаболка“ против Путин

140801012.2_mn

Кампањата на социјалната мрежа „Твитер“ „Јадеме јаболка против Путин“ ги повикува Полјаците со хумор да го прифатат руското ембарго на увоз на овошје и зеленчук од Полска.

140801012.1_mn

Акцијата ја прифатија новинари, политичари, јавни личности, а целта е да им се помогне на полските земјоделци кои се жртви на ембаргото бидејќи Полска е светски извозник на јаболко.

Според Министерството за земјоделство, Русија купува околу седум отсто од полските прехранбени производи и годишно увезвува еден милион тони јаболка.

140801012.4_mn

Руските ветернирани служби најавија дека од денеска, први август, ќе стапи во сила забраната за увоз на овошје и на зеленчук од Полска. Иако одлуката се објаснува со кршење процедури и сертификати, во Полска се толкува како одмазда на европските санкции кон Путин.

140801012.5_xl

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top