Турската актерка Берен Саат, кај нас позната по улогата на Фатмаѓул во истоимената серија која до неодана се прикажуваше на „Сител“, се омажи со пејачот Кенан Догулу. Со Догоглу, кој ја претставуваше турција на „Евровизија“ во 2007 година во Хелсинки, Саат е заедно веќе две и пол години.
Датумот на венчавката вешто се криел од медиумите, а на свадбата присуствувале само најблиските роднини и пријатели. Оваа позната двојка за нивната романтична венчавка одбрале градина покрај море во Малибу.
Според турските медиуми, свадбата чинела повеќе од 300 илјади евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.