Проклетството на македонските екипи кога играат против кипарска Омонија продолжи и денеска, а нов пораз на гости забележа скопски Металург.
Омонија рутински победи со 3-0 и само го подобри билансот против нашите преставници во европските купови на 7 победи во исто толку натпревари со гол-разлика од 20-2.
Рамос и Поте за само 14 минути игра со погодоци најавија нов успех на кипарскиот тим, а Рамос со уште еден гол во второто полувреме ја промовира Омонија во речиси сигурен патник во четвртото квалификациско коло од Европа Лигата на УЕФА.
Реваншот се игра во Скопје за 7 дена, а Металург ќе има екстремно тешка задача да направи подвиг. Кипраните и во претходните дуели со Слога југомагнат, Милано и Ренова бележеа само победи.
Пред 10 години со вкупни 8-1 (4-0, 4-1) ја елиминираа Слога југомагнат, во 2008 година го исфрлија од игра Милано од Куманово со 2-0 и 2-1, а беа подобри и од Ренова во 2010 година истотака со две убедливи победи од 3-0 и 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


