| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ не знае за пораз во Мелбурн

Новак Ѓоковиќ потврди дека е неприкосновен во Мелбурн, на Австралија опен и на уверлив начин ја почна мисијата за историска трета титула во низа на стартниот гранслем во сезоната. Српскиот тенисер со 3-0 во сетови го елиминира Пол Анри Матје од Франција и ја забележа 15. победа едноподруго победа на турнирот. За да стаса до подвигот и да биде единствениот тенисер што трипати по ред славел на Австралија опен, Ѓоковиќ треба да надигра уште 6 противници.

Добар старт имаа и останатите топ-носители Давид Ферер, Томаш Бердих, Николас Алмагро, Станислас Вавринка…

И во женска конкуренција немаше сензационални елиминации. Фаворитките Марија Шарапова, Венус Вилијамс, Агнешка Радванска, На Ли, Анжелик Кербер и Саманта Стосур веќе се во второто коло, а мини изненадување е поразот на Даниела Хантукова од Јунг Јан Чан во 3 сета.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top