| четврток, 6 декември 2018 |

Франција: Работата ја „убива“ врската

stock-footage-closeup-of-caucasian-businessman-and-secretary-at-work-with-tablet-pc-and-laptop-in-meeting-room

Едно истражување покажа дека една третина од вработените во Франција смета дека работата ја „убива“ врската, пренесуваат француските медиуми.

Една француската шансона вели „Работата е премногу тешка“, но тоа не важи само за здравје, туку и за љубов.

Работата предизвикува стрес, незадоволство, нервоза, умор. Поради работата имаме помалку слободно време, а повеќе се расправаме со партнерот, сметаат 29 отсто од испитаниците.

Седум осто сметаат дека работата им ја уништила врската.

Сепак, 56 отсто од испитаниците велат дека уппеале да ја разграничат работата од односот со партнерот, а 15 отсто се подготовени да ја сменат работата за да ја спасат врската.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top