| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар објави оглас за тренери и за школи во младински категории

Vardar pres 02 (Custom)

На денешната прес-конференија првите луѓе на ФК Вардар, РК Вардар и ЖРК Вардар соопштија дека базата на клубовите ќе се гради преку младинските категории.
За таа цел спортското друштво Вардар, кое ги опфаќа трите клуба кои имаат заднички сопственик, рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко распиша конкурс за тренери во младинските категории кои работат со школи низ нашата држава и кои ќе бидат база за инднината на македонскиот фудбал и ракомет.
Со зголемување на квантитетот ќе се добие и во квалитет најпрвин за ростерите на овие три клуба, а понатаму и за репрезентациите.
На официјалните веб-страници на ФК, РК и ЖРК Вардар може да се добијат условите под кои може да конкурираат физичките, но и правните лица, училишта, општини.

Vardar pres 05 (Custom)

– Проектот има цел да ги развие младинските категории во двата спорта, создавање здрава младина со здрави спортски навики и создавање идни ракометари, ракометарки и фудбалери кои со успех ќе го носат дресот на Вардар. Со еден ваков систематски пристап докажуваме дека инвестираме во нашата младина, се грижиме и потполно веруваме во нејзините капацитети – изјави Самоил Симев, претседател на ФК Вардар.

Менаџер на целиот проект е директорот на младинските катергории во ракометните клубови, Тања Медвед, која беше доведена во Скопје пред помалку од една година со цел градење на иднината на ракометот во Македонија.

Vardar pres 03 (Custom)

– Чест ми е да работам во најорганизираниот спорстки колектив во Макеоднија, Балканот и пошироко. Ова беше проект што го подготвувавме темелно подолго време. Остварувавме контакти со училишта, со Сојузот на училишни спортови, со Агенцијата за млади и спорт и го подготвувавме теренот. Со овој оглас имаме цел да почнеме да ја шириме оперативната мрежа, да создадеме повеќе центри кои ќе работат со младите, а ние ќе ги обезбедуваме со реквизити, со опрема, ќе помагаме во стручно оспособување на малдите тренери, ќе организираме летни и зимски тренинг-кампови. Нашата визија е Вардар да биде достапен секаде и за сите деца што имаат потенцијал и желба – изјави Медвед.

Vardar pres 04 (Custom)

На прес-конферецијата присуствуваа и Давор Стојановски, директорот на РК Вардар, Гордан Нацева, претседателка на ЖРК Вардар, и Горан Митев, кој ќе биде менаџер на фудбалскиот дел на овој проект.
Сите се сложни во едно дека Вардар е бренд во македонскиот спорт, но треба да се работи според европски стандарди и затоа овој проект е долгорочен за понатамошната иднина на спортот воопшто во Македонија.

Vardar pres 01 (Custom)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top