| четврток, 6 декември 2018 |

Нема раст без попис

Ќе се пре­бро­и­ме. Ва­ка или она­ка, му се до­па­ѓа­ло тоа не­ко­му или не. Мо­ра да се има пред­вид де­ка се ра­бо­ти за ста­ти­стич­ка опе­ра­ци­ја ко­ја, пред сѐ, има мно­гу по­и­на­кви и по­важ­ни це­ли од по­ли­тич­ки­те, а тоа се еко­но­ми­ја­та и вра­бо­ту­ва­ње­то. Тоа, пак, што не­ко­му број­ки­те му се важ­ни за по­ли­тич­ки оп­ста­нок пред ре­ал­на­та из­град­ба на гра­ѓан­ско­то оп­штес­тво, не мо­же и не смее да стои ка­ко спу­ште­на рам­па пред по­пи­шу­ва­чи­те. Од дру­га стра­на, по­пи­сот крие и ти­вка ид­на прев­ласт

Aktuelno99-2

Ви­кто­ри­ја Ну­ланд при сво­и­те пет ми­ну­ти во Скоп­је во се­ко­ја вто­ра ре­че­ни­ца вни­ма­ва­ше да би­де наг­ла­се­на важ­но­ста на Ва­шин­гтон за ус­пе­хот на Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор. Да се по­ка­же при­мер за ге­ни­јал­на­та иде­ја за про­цен­ту­ал­на за­ста­пе­ност на бор­ци­те за чо­ве­ко­ви пра­ва, за хар­мо­ни­ја во од­но­си­те изра­зе­на во за­пир­ки. На­пре­док со де­ци­мал­но учес­тво. Ду­ри и тоа де­ка САД се вол­ни пре­ку сво­ја­та еко­но­ми­ја да го по­ткре­пат еко­ном­ски­от раст во ре­ги­о­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја на­се­ле­ни со ет­нич­ки Ал­бан­ци.

За мно­гу­ми­на тр­ка­та во про­цен­ти са­ма по се­бе се иск­лу­чу­ва со сло­бод­ни­от па­зар на тру­дот, со ре­ал­ни­те по­тре­би на еко­но­ми­ја­та за из­бор и на­пре­ду­ва­ње на нај­до­бри­те. Па, и со ос­тва­ру­ва­ње на пра­во­то на ед­на­квост при есен­ци­јал­но­то со­вре­ме­но чо­ве­ко­во пра­во на вра­бо­ту­ва­ње.

Кво­та­та ста­на ал­фа и оме­га во ма­ке­дон­ско­то оп­штес­тво. Но, квот­ни­от меч има две остри­ци, а таа вто­ра­та, ре­стри­ктив­на­та, е мно­гу по­о­пас­на за тие што со неа се чу­ка­ат во гра­ди.

Ете Ну­ланд нај­а­ви еко­ном­ски раз­вој во кво­та од ма­ке­дон­ски­те ре­ги­о­ни. Од­лич­на иде­ја, ко­ја ѝ е по­треб­на на ма­ке­дон­ска­та еко­но­ми­ја и ко­ја е дел од ре­ше­ни­е­то на нај­бол­но­то пра­ша­ње – вра­бо­ту­ва­ње­то. Но, Аме­ри­кан­ци­те има­ат ед­на чу­дес­на осо­би­на, тие се пра­кти­ча­ри по ка­ра­ктер. Пр­ви­от че­кор што ќе го на­пра­ват е да по­ба­ра­ат ре­ал­ни но­ви по­да­то­ци со кол­кав и ка­ков ка­па­ци­тет рас­по­ла­га­ат ре­ги­о­ни­те кои Ну­ланд ќе им ги да­де на из­бор. Тоа, пак, не­ма да го по­ба­ра­ат од ДУИ или од ДПА, ни­ту, пак, од кни­га­та со фа­кти на ЦИА, ту­ку од Др­жав­ни­от за­вод за ста­ти­сти­ка на РМ. А, по­пис­ни­те по­да­то­ци та­му се од 2002 го­ди­на.

 

Aktuelno99-1

На­се­ле­ни­е­то ка­ко по­ну­да и по­ба­ру­вач­ка на по­ли­тич­ки­от па­зар

По­пи­сот е дел во по­ли­тич­ки­те ди­ја­ло­зи на ме­ѓу­пар­ти­ско ни­во во це­ли­от овој пер­и­од од про­па­ѓа­ње­то на ста­ти­стич­ка­та опе­ра­ци­ја. Да­ли во днев­но­по­ли­тич­ка­та игра ме­ѓу вла­ста и опо­зи­ци­ја­та или во ре­дов­на­та ко­му­ни­ка­ци­ја во две­те пар­тии во вла­ста.

Од ВМРО-ДПМНЕ не­о­дам­на по­твр­ди­ја де­ка пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, ду­ри и лич­но, му пре­нел на Али Ах­ме­ти пис­ме­ни пред­ло­зи за ад­ми­ни­стра­тив­но пре­бро­ју­ва­ње на на­се­ле­ни­е­то, но и со те­рен­ско истра­жу­ва­ње во вр­ска со не­кол­ку пра­ша­ња кои се важ­ни за ма­ке­дон­ска­та ста­ти­сти­ка. Од­го­вор сѐ уште не­ма би­деј­ќи за ДУИ тоа пра­ша­ње „не би­ло при­о­ри­тет“, ка­ко што по­со­чи­ја од пар­ти­ја­та за вес­ни­кот „Днев­ник“.

Се­ка­ко, по­втор­но проб­лем е по­пи­шу­ва­ње­то на тие што се над­вор од др­жа­ва­та по­ве­ќе од ед­на го­ди­на. Тоа за ДУИ би би­ло „оп­то­ва­ру­ва­ње“ на ад­ми­ни­стра­тив­ни­от по­пис. А, исто­то тоа го оп­то­ва­ри и ре­дов­ни­от по­пис во 2011 го­ди­на.

За­ин­те­ре­си­ра­но­ста за по­пис не по­стои са­мо кај ма­ке­дон­ски­те пар­тии. Фи­нан­си­ска под­др­шка за тоа ну­де­ле и од Европ­ска­та уни­ја, а од не­о­дам­на по­мош за спро­ве­ду­ва­ње на опе­ра­ци­ја­та се ну­ди и од Свет­ска бан­ка. Сѐ уште се че­ка од­го­во­рот од Ах­ме­ти.

Всуш­ност, не­кол­ку па­ти е пи­шу­ва­но де­ка Ма­ке­до­ни­ја е во под­го­то­вки за ад­ми­ни­стра­тив­но по­пи­шу­ва­ње. Тоа што на по­че­то­кот би ги од­ло­жи­ло ра­бо­ти­те за око­лу ед­на и пол го­ди­на е точ­но­то еви­ден­ти­ра­ње на гра­нич­ни­те пре­ми­ни кој ко­га из­ле­гу­ва и вле­гу­ва во др­жа­ва­та. Всуш­ност, гра­нич­на­та по­ли­ци­ја во се­зо­ни­те на ме­теж на пре­ми­ни­те по­не­ко­гаш го еви­ден­ти­ра ми­ну­ва­ње­то на авто­мо­би­ли­те, а со но­ва­та тех­но­ло­ги­ја во мно­гу кра­тко вре­ме лич­но би би­ле еви­ден­ти­ра­ни си­те ли­ца што ја ми­ну­ва­ат гра­нич­на­та ли­ни­ја. Со тоа во рок од ед­на го­ди­на ќе се до­бие пре­ци­зен број кол­ку ма­ке­дон­ски др­жав­ја­ни се над­вор од др­жа­ва­та по­ве­ќе од ед­на го­ди­на, ка­ко и кол­ку вре­ме се над­вор, гла­вен пре­дус­лов за по­пи­шу­ва­ње­то.

На те­рен, пак, би се по­пи­шу­ва­ла вер­ска­та и ет­нич­ка­та при­пад­ност на гра­ѓа­ни­те. Се­ка­ко, на при­сут­ни­те, а не и на тие што би ги по­пол­ну­ва­ле пра­шал­ни­ци­те пре­ку „Скајп“, ка­ко што, ме­ѓу дру­го­то, по­со­чи пре­ми­е­рот Гру­ев­ски во ед­но ин­терв­ју.

 

Те­о­рии за бег­ство од по­пис

Од ДУИ, од­нос­но од пр­ви­от чо­век во пар­ти­ја­та, Али Ах­ме­ти, се че­ка од­го­вор на пред­ло­зи­те да­де­ни пред око­лу два ме­се­ца. За тоа од пар­ти­ја­та не ко­мен­ти­ра­ат за­тоа што тоа не стиг­на­ло на ма­са­та на со­ста­но­ци­те на пар­ти­ски­те ор­га­ни.

Во ме­ѓу­вре­ме, во др­жа­ва­та, во ко­ја кво­та­та зна­чи ос­но­ва за по­ли­тич­ки ус­пех, вра­бо­ту­ва­ње во ад­ми­ни­стра­ци­ја или на­мет­ну­ва­ње ја­зик, зна­ме и сим­бо­ли, број­но­ста и зна­че­ње­то се те­ма на ди­ску­си­ја на со­ци­јал­ни­те мре­жи по си­те „за­кач­ки“ со на­мет­нат ме­ѓу­ет­нич­ки предз­нак. Та­ка, про­цен­ти­те и прет­по­ста­вки­те во де­ци­ма­ли за­зе­ма­ат нај­го­лем про­стор во де­ба­ти­те на со­ци­јал­ни­те мре­жи кои че­сто за­вр­шу­ва­ат со реч­ник кој е да­ле­ку од ци­ви­ли­зи­ра­на ди­ску­си­ја на ин­тер­нет-фо­ру­ми. Про­цен­ти­те се дел и од прес­ме­тки­те кој е по­си­лен, по­хра­бар, па и по­ду­хо­вит или по­се­кси.

Со тоа се ни­жат и те­о­рии зо­што, всуш­ност, „се бе­га“ од по­пис. Да­ли, на­ви­сти­на, со­стој­ба­та во др­жа­ва­та ја отс­ли­ку­ва иди­лич­но­ста на Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор, во кој САД, и се­га со по­се­та­та на Ну­ланд, се кол­нат. Или со­стој­ба­та на те­рен е мно­гу по­и­на­ква, па ДУИ стра­ву­ва од гу­бе­ње на до­вер­ба­та кај гла­са­чи­те при евен­ту­ал­но ре­ви­ди­ра­ње на акту­ел­ни­те пра­ва во сог­лас­ност со до­го­во­рот „ал­фа и оме­га“? Та­кво­то про­цен­ту­ал­но ка­стре­ње пр­во би се одра­зи­ло на тие за кои се пи­шу­ва­ше на дол­го и на ши­ро­ко де­ка „се­дат до­ма и зе­ма­ат пла­та за да го по­пол­нат квот­ни­от број“.

Ка­ко при­мер се по­со­чу­ва и тоа де­ка во ал­бан­ски­те за­ед­ни­ци мно­гу­ми­на, всуш­ност, би ја за­гу­би­ле „рам­ков­на­та“ до­ми­на­ци­ја во оп­шти­ни­те, де­ка мно­гу се­мејс­тва би ги за­гу­би­ле со­ци­јал­ни­те при­до­би­вки кои, мо­же­би, се­га ги ужи­ва­ат, а тоа, се­ка­ко, би вли­ја­е­ло ре­вол­тот кон по­пи­сот да се на­со­чи кон тој што го доз­во­лил тоа – а тоа би би­ло ДУИ. Во вон­град­ски­те сре­ди­ни тоа ќе ѝ од­не­се го­лем број гла­со­ви на ДУИ на сме­тка на нај­го­ле­ми­от ри­вал во ли­кот на Мен­дух Та­чи или, пак, на но­ви­от по­ли­тич­ки суб­јект во ал­бан­ски­от блок, кој на­го­ле­мо се нај­а­ву­ва.

Ме­ѓу те­о­ри­и­те што за­зе­ма­ат ме­сто во јав­на­та де­ба­та е и по­ви­ку­ва­ње­то на осве­сту­ва­ње кај на­се­ле­ни­е­то во за­пад­ни­от дел на Ма­ке­до­ни­ја, кое ако до­се­га се изра­зу­ва­ло ка­ко ал­бан­ско, се­га има дру­га тен­ден­ци­ја. Име­но, по го­ле­ма­та се­лид­ба на тур­ско­то на­се­ле­ние од Ма­ке­до­ни­ја во 50-ти­те и во 60-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век, тие што оста­на­ле се ве­ли де­ка поч­на­ле да се из­јас­ну­ва­ат ка­ко Ал­бан­ци. Се­га, со сè по­наг­ла­се­на­та бли­скост ме­ѓу две­те за­ед­ни­ци, тур­ска­та и ма­ке­дон­ска­та, но и за­ра­ди го­ле­ма­та под­др­шка што Тур­ци­ја ја до­де­лу­ва на ди­јас­по­ра­та – од обра­зо­ва­ние до сти­пен­ди­ра­ње и дру­га по­мош, па и суп­тил­но ка­ко пред­ност во вра­бо­ту­ва­ње во до­ми­нант­но тур­ски ком­па­нии кои ин­ве­сти­ра­ат во Ма­ке­до­ни­ја – мно­гу ус­лов­но ал­бан­ски се­мејс­тва поч­ну­ва­ат да го вра­ќа­ат сво­јот тур­ски иден­ти­тет. Ка­ко по­ткре­па на овие те­о­рии се зе­ма пред­вид до­че­кот по ули­ци­те на тур­ски­от пре­ми­ер Ре­џеп Та­ип Ер­до­ган во Те­то­во.

 

По­пис на из­не­на­ду­ва­ње

Но, всуш­ност, до­кол­ку не­кој на­ви­сти­на мо­же да би­де „фа­тен на спи­е­ње“ ако Ма­ке­до­ни­ја не се по­пи­ше до след­ни­от цик­лус во 2020 година, тоа е, ток­му, мно­зинс­тво­то во Ма­ке­до­ни­ја. Прв­пат бро­јот на но­во­ро­де­ни де­ца, Ма­ке­дон­ци спо­ред ет­нич­ка при­пад­ност, е под 50 про­цен­ти. Ако на тоа се до­да­де та­бе­ла­та со опа­ѓа­ње­то на бро­јот на уче­ни­ци, ка­ко и на бро­јот на раз­во­ди и на ста­ре­е­ње на жен­ска­та по­пу­ла­ци­ја, кво­та­та на след­ни­те из­бо­ри мо­же да би­де и мно­гу по­ви­со­ка и на др­жав­но ни­во, но и на ми­кро­ре­ги­о­ни, со што би се из­ме­ни­ла сли­ка­та за оп­шти­ни­те во Ма­ке­до­ни­ја.

А, ток­му тоа, во овој дел од прет­по­ста­вки­те, му оди во при­лог на од­ло­жу­ва­ње­то на ста­ти­стич­ко­то пре­бро­ју­ва­ње што го на­мет­ну­ва ДУИ или на пра­ша­ње­то до ка­де е ис­пол­нет ОРД или да­ли има по­тре­ба од нов, кое се отво­ра од­вре­ме-на­вре­ме. Всуш­ност, до­де­ка јав­но­ста се на­те­га за ре­ал­ни­те по­пи­ша­ни вред­но­сти од 2001 го­ди­на, со пре­скок­ну­ва­ње на овој цик­лус, во пер­и­о­дот за 20 го­ди­ни со ва­ков на­до­лен тренд на на­та­ли­тет, мно­гу лес­но акту­ел­но­то мно­зинс­тво мо­же да се до­ве­де во по­зи­ци­ја сво­и­те пра­ва сè по­ве­ќе да си ги ба­ра во „рам­ка­та“.

За­се­га, пак, до­де­ка трае по­ли­тич­ка­та бор­ба во пре­ис­пи­ту­ва­ње на ви­стин­ски­те вред­но­сти ме­ѓу ма­ке­дон­ски­те пар­тии, кри­е­ње­то и проб­ле­ма­ти­зи­ра­ње­то на по­пи­сот во ал­бан­ски­от кам­пус зна­чи и од­ло­жу­ва­ње на уви­дот во ре­ал­но­ста на те­рен. Акту­ел­ни­те тен­ден­ции се спро­тив­ни на тоа што зна­чи оп­ста­нок на ма­ке­дон­ски­от на­род, ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра и по­себ­ност. Мо­же­би за­тоа и во­оп­што не­ма учес­тво на ал­бан­ски­те пар­тии или по­е­дин­ци во на­те­га­ња­та ме­ѓу, ус­лов­но, ма­ке­дон­ска­та по­зи­ци­ја и опо­зи­ци­ја за важ­но­ста на мно­гу­дет­ни­те се­мејс­тва, за зна­че­ње­то на бра­кот, за раз­во­јот на ру­рал­ни­те оп­шти­ни. Кои се и од еко­ном­ски, но уште по­ве­ќе и од на­ци­о­на­лен ин­те­рес. За ид­ни­на­та на Ма­ке­до­ни­ја и за ид­ни­на­та на Ма­ке­дон­ци­те.

 

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 99. број на неделникот „Република“, 25.07.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top