| четврток, 6 декември 2018 |

Правила за однесување на нудистичка плажа

Секој има различно мислење за нудизмот, но нудистичките плажи може да пружат посебно уживање овозможувајќи ви слобода да се споите со природата.

Неколку совети како да се отпуштите на нудистичка плажа:

Крем за сончање
Не заборавајте да се намачкате со крем за сончање на оние делови кои се покриени на класичните плажи.

Внимавајте при наведнување
Не наведнувајте се за да го наместите пешкирот. Подобро клекнете.

Поглед надолу
Не гледајте ги другите луѓе.

Инкогнито
Доколку сакате да ги гледате другите, постојат два начина-ставете темни наочари за сонце или преправајте се дека читате книга, само не заборавајте повремено да свртите страница.

Внимателно со фотоапаратот
Почитувајте ја приватноста на другите при сликање на плажата и морето.

Синдром на ладна вода
Ако сте маж, дури и ако вашиот полов орган е со големи димензии, бидете свесен за минималните пропорции кога ќе излегувате од водата.

Депилирање или не?
Тоа е тешко прашање, бидејќи суштината на нудизмот е да бидете природни.

Носете костим за капење
За секој случај носете го вашиот костим, да не би останале единствени голи, ако останатите ја напуштат плажата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top