
Во Крушево, по повод престојниот празник „Илинден“ денеска во 18 часот свечено ќе бидат дочекани коњаниците кои ќе пристигнат од различни делови на нашата земја, а во 20 часот на градскиот плоштад ќе започне богата културно-уметничка програма со која ќе се означи крајот на манифестацијата „Крушево етноград“.
Во рамките на програмата предвидени се неколку драматизации во изведба на учениците од ООУ„Гоце Делчев“ од општина Аеродром-Скопје, а потоа ќе настапат играорците од КУД „Лисиче“- Скопје, како и музичките интерпретатори Перо Цаца и Рубинчо Благадуша. На свеченото затворање на манифестацијата „Крушево етноград“ ќе настапат и играорците од повеќе европски земји кои беа дел од традиционалниот летен фолклорен семинар. Гостите ќе изведат македонски ора од нашата богата фолклорна традиција.
Со прославата на големиот празник „Илинден“ и започнувањето на научните средби „10 дена Крушевска република“, Крушево и во наредните денови ќе биде атрактивна туристичка дестинација.
Селото Владимирово, беровско ќе биде местото каде на 1-ви август со почеток во 21 часот концерт ќе одржи естрадниот уметник Ефто Пупиновски. Следниот ден, пак на плоштадот во Берово во истиот термин ќе настапат поп изведувачите Тијана Дапчевиќ и Димитар Андоновски. Веќе на 3 август овиепознати уметници ќе настапат и во Претор општина Ресен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


