Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат кеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини. Овој апел е со цел да се зачува животната средина, а граѓаните, особено децата, де се чувствуваат безбедно кога ги користат парковите и другите јавни површини.
Од општината велат дека шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота.
Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.
Општинските комунални служби во придружба на полицијата од 4-ти август, понеделник, ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали се почитува законот.
Токму затоа, Општина Аеродром со апелот се надева дека граѓаните своите миленици ќе ги шетаат со маска и ќе носат кеси за отстранување на нивниот измет во садовите за отпад и на тој начин ќе ги избегнат законските санкции.
Командирот на ПСОН Аеродром, со податоци, според кои во текот на 2014 година до сега се изречени 12 казни за граѓаните за непочитување на овие законски одредби, од кои 2 за каснување, а исто така се упатени и голем број опомени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



