| четврток, 6 декември 2018 |

„МВП“ доаѓаат на „Пиволенд“ (ВИДЕО)

Деветчлениот бенд од Србија, чијашто музика ја опишуваат како микс од реге, хипхоп и блуз, периодов вредно работи на своја промоција и надвор од рамките на Балканот. „МВП“ потпишаа договор со мобилниот оператор „Теленор“ за промоција на нивниот нов албум во 182 земји, а од албумот „Устани“ веќе се издвојуваат неколку хит-нумери. Песната „Милион милја“ доби видеоспот во кој се појавуваат глумците од популарниот филм „Монтевидео“.

mvp
Фронтменот Бане Лалиќ најавува промоција на албумот на фестивалот „Пиволенд“ кој ќе се одржи од 20-24 август на скопското Кале во Скопје, но и добра забава со веќе мегапопуларните „Целу ноќ и цели дан“ „Идемо горе“, „Волим кад те волим“ итн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top