Стеван Јоветиќ конечно повтроно го презентира големиот фудбалски потенцијал со добри игри и голови во дресот на Манчестер сити, а црногорскиот репрезентативец постигна 4 погодоци на два меча на американската турнеа.
Ноќеска против Ливерпул Јоветиќ постигна два гола, со кои сепак не спречи пораз на Сити и тоа на пенали. Мечот во Њујорк заврши нерешено 2-2 во регуларниот дел, а на пенали Ливерпул славеше со 3-1.
Сите голови во регуларниот дел беа постигнати во второто полувреме. Јоветиќ на двапати му носеше предност на Сити, а израмнуваа Хендерсон и Стерлинг. Во пенал-серијата Чан, Хендерсон и Лукас беа прецизни за Ливерпул, а кај тимот од Манчестер само Ихеначо погоди.
Liverpool vs Manchester City 2-2 (3-1) All… by labinotbala
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


