| четврток, 6 декември 2018 |

Кој ќе лежи најдолго ќе добие 300 евра

Crnogorka-520x292
Црногорските олимписки игри ќе се одржат и оваа година, а за победникот во лежење е предвидена награда од 300 евра, 100 евра повеќе од минатата година.
Традиционалното првенство во лежење или Црногорската олимпијада ќе се одржи во етноселото „Монтенегро“ на 3 август. На Црногорската олимпијада освен „лежачи“, ќе има и натпреварувачи во брзо пишување пораки, но и ќе се трча „црногорски маратон“ од дури 50 метри.
Кој прв ќе стигне на целта, ќе добие 50 евра, а толкава награда е предвидена и за тој кој најбрзо ќе ја напише пораката.
Минатогодишниот победник Никшичин Владан Бајалица лежеше 32 часа и освои 200 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top