– Во шок сум, тоа е сѐ што можам да кажам – рекол Драган Маринковиќ (34), татко на осуммесечниот Андрија кој почина во тешката сообраќајка кај Удово.
Маринковиќ е отпуштен од болница кога му се санирани полесните повреди, но вчерашниот ден го поминал во бдеење над тешкоповредената сопруга Марија (30), братотот Никола (24) и синот Матија (5). Замотан во завои, Драган потполно изгубен талкал по ходниците на болницата не сакајќи да разговара со никого.
Обесхрабрувачките вести дека братот и натаму му е во критична состојба го дотепале. Болничкиот персонал се обидел да го утеши, но без успех, а тој цел ден поминал шетајќи од соба во соба.
Сепак, последниот лекарски извештај до некаде го охрабрило семејството Маринковиќ од Чуприја.
Никола Гавриловиќ (20) од Ниш, кој е повреден во „фордот“, би можел денеска да биде пуштен од болница откако во скршената бутна коска му е вградена шипка.
Состојбата на патничката од „фордот“, Милица Нововиќ (19), е стабилна, додека пред собата на возачот Рајко Радојковиќ (21) за кого се сомнева дека го предизвикал судирот, дежура полиција.
Матија Маринковиќ (5)
Драган Маринковиќ (34)
Рајко Радојковиќ (21)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун






