| четврток, 6 декември 2018 |

Нова паника во „Малезија ерлајнс“, избегната уште една трагедија!

airbus_wiki_malezija erlajnsРечиси пет месеци по мистериозното исчезнување на летот МХ370 во Индиски Океан, две недели по соборувањето на летот МХ17 во источна Украина и само неколку дена откако компанијата најави дека ќе го промени името поради лошиот имиџ, уште еден авион на „Малезија ерлајнс“ се најде на раб на трагедија.

„Ербасот А330“ со 167 патници, кој требало да лета на релација Аделаида-Куала Лумпур, во вторникот наутро итно го прекинал полетувањето затоа што бил во опасност од директен судир со авион што слетувал од компанијата „Тигер ервејс“.

Само благодарение на брзата реакција на контролорот на лет во последен момент е избегната уште една трагедија. Дежурниот оператор забележал дека двата авиони ќе се судрат, па на посадата на малезискиот авион ѝ наредил итно сопирање на леталото, по што тоа и се случило. 

– Летот МХ136 ја послуша наредбата и застана, по што мораше да помине одредено време за ладење на сопирачките – пишува угледниот малезиски весник „Њу стреитс тајмс“. 

„Ербасот“, конечно, полетал со задоцнување од 25 минути, а на аеродромот во Куала Лумпур стигнал безбедно со доцнење од 10 минути.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top