| четврток, 6 декември 2018 |

Малезиската Влада ќе ги тужи медиумите поради лажни наводи

Малезиската Влада, која беше критикувана поради пристапот за решавање на прашањето за исчезнатиот авион, денеска соопшти дека ги собира „лажните“ медиумски наводи поврзани со истрагата и ја разгледува можноста за поднесување на тужба против некои медиуми.

Малезискиот министер за одбрана и сообраќај Хишамудин Хусеин на Твитер објави дека државниот обвинител добил инструкции да „собере докази и да разгледа“ евентуална правна акција.

– Ги собираме сите лажни наводи од првиот ден. Кога ќе биде вистински момент, Владата ќе ги тужи одговорните, истакна Хишамудин.

Тој речиси секојдневно известуваше за ситуацијата со малезискиот авион, кој исчезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот.

Потрагата за авионот на „Малезија ерлајнс“ и денеска продолжи, а досега не е лоциран ниту еден предмет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top