Патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ денес принудно слета на аеродромот во Мелбурн, откако претходно се запали еден од моторите, објаби српски „Блиц“, повикувајќи се на АП.
Портпаролката на ааеродромот Ана Џилет соопшти дека авионот, кој летал од Мелбурн во Куала Лумпур слетал без проблем и никој не е повреден.
Таа неможела да ги потврди наводите на дел од медиумите дека авионот се вратил во Мелбурн затоа што се запалил моторот.
„Скај њуз“ соопштува дека авионот исфрлал гориво пред слетувањето.
Според наводите во локалните медиуми во авионот имало околу 300 патници.
Компанијата „Малезија ерлајнс“ минатата година во несреќи загуби два авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Паника: Му се слошило на целиот екипаж, морале итно да слетаат! (ВИДЕО)
-
Најголемиот транспортен авион слета во Австралија – го пречекаа 50 илјади луѓе (ВИДЕО)
-
Повредени седум лица при принудно слетување на американски авион во Канада
-
Кјубрик три дена пред смрт призна: Лажирањето на слетувањето на Месечината е мое ремек дело