| четврток, 6 декември 2018 |

Сестрата на Дру Баримор пронајдена мртва, можно самоубиство

Сестрата на познатата холивудска актерка, Дру Баримур беше пронајдена мртва во својот автомобол во близина на калифорнискиот граф Сан Диего вчера наутро.

Џесика Баримор беше пронајдена мртва само еден ден пред нејзиниот 48-ми роденден, а според медиумите во САД полицијата се сомнева дека се работи за самоубиство бидејќи биле пронајдени апчиња на сопатничкото седиште во автомобилот.

Нејзиното безживотно тело било пронајдено од случаен минувач, а жената која ја пронашла Џесика веднаш ја повикала полиција.

Џесика ѝ е постара сестра на Дру. Двете имаат различни мајки, а татко им е легендарниот актер Џон Дру Баримор. Познатата актерка изјави дека со својата постара сестра не биле воопшто блиски и дека се сретнале само неколкупати.

– Иако не се познававме многу, ѝ посакувам и неа и на нејзините најблиски мир колку што е можно повеќе, праќам сочуство на семејството, многу ми е жал за нивната загуба – изјави Баримор за „Дејли њуз“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top