Министерот за здравство Никола Тодоров денеска најави дека ќе се преземат соодветни мерки доколку се утврди дека итната медицинска помош ненавремено реагирала по завчерашната сообраќајка на српските државјани на патот Удово – Демир Капија, во која загина осуммесечно бебе.
Ќе се испитува и дали се точни констатациите дека бебето не било згрижено од Брза помош, бидејќи лекарските екипи наводно, првично констатирале дека не е во животна опасност, а потоа било однесено со приватно патничко возило.
Сообраќајката се случила во 7.30 часот, а брзата помош пристигнала во 7.53 часот.
– Станува збор за голема сообраќајна несреќа со повеќе жртви и едно возило не може сите наеднаш да ги згрижи. Сепак, во детали ќе ја испитаме ситуацијата за да видиме дали имало доцнење на брзата помош. Ако тоа го утврдиме, ќе преземеме соодветни мерки – истакна Тодоров – пренесе МИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сред сезона во Охрид: Два лекари и три сестри, единствениот медицински персонал во Брзата помош
-
Нема греење, ниту му работи светлосната сигнализација: Во Струга едно болничко возило за 60 илјади жители
-
Тодоров: Со паралелниот увоз на лекови беше разбиен монополот, не е точно дека лековите не се квалитетни (видео)
-
Тодоров отвори адвокатската канцеларија, ќе се посвети на адвокатурата



