| четврток, 6 декември 2018 |

Од келнерка до супермодел!

ања 7

Aња Анџела Периќ е девојката за која неодамна дозна целиот свет. Има 19 години, до пред извесно време работела во локално кафуле за просечна плата, а денес е една од најубавите Србинки.

ања 2

– Имам 19 години и како повеќето мои врсници, немав можност да си дозволам сè што сакам. За жал, платите на моите родители се минимални, поради што ми беше срам да побарам нешто. Младите денес немаат друг излез освен да работат како мене, за месечна плата од 18.000 динари со која не можете ништо – вели Ања.

ања 3

Во кафулето во која работела Ања сосема случајно се појавила српска манкенка, која работела и како агент.

ања 4

– Работев во едно кафуле во Белград како келнерка, многу пати и по 15 часа дневно. Беше страшно затоа што сопственикот не нè третираше како луѓе. Едно попладне Бог ми се насмевна кога наш познат модел влезе со својата ќеркичка во градината на локалот и кога ја послужив, спонтано започнавме да разговараме. Ми ја даде нејзината визит картичка и ми рече да се јавам затоа што имам одличен потенцијал. Во тој момент имав руса коса и вештачки нокти, како сите девојки тука. По неколку дена дојдов во агенцијата Crystal и се променив, ја вратив природната боја на косата, ја скратив и ги отстранив ноктите. Така започна мојата манекенска кариера – раскажува Ања.

ања5

За кратко време за Ања почнаа да се борат светски модни брендови, а моментално работи за Њујоркер.

ања 6

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top