Легендата на литванската и на европската кошарка Шарунас Јасикевивичиус потврди дека ја завршува својата исклучително богата кариера.
Тој минатата сезона ја помина на домашен паркет во редовите на литвански Литвос Ритас, а веќе од наредната ќе биде во стручниот штаб во улога на помошник тренер.
Во текот на фантастичната кариера 38-годишниот кошаркар настапуваше во повеќе европски екипи,како и две во НБА-лигата.
Популарниот Шара или Господин Перфектен кариерата ја почна во Литвос Ритас, па продолжи во Олимпија од Љубљана, Барселона, Панатенаикос, Макаби, Фенербахче, а преку барата беше во тимовите на Голден Стејт и Индијана.
Долг е списокот и на трофеите кои ги освоил Јасикевичиус. Од најзначајните се секако четирите титули во европската Лига на шампиони (2003, 2004, 2005, 2009), двапати е прогласен за најдобар играч на Европа (2004, 2005), а има освоено национални првенства во Литванија, Турција, Шпанија, Грција и во Израел.
Со репрезентацијата на Литванија е освојувач на бронзен медал на Олимписките игри во Сиднеј (2000), како и злато и бронза на светските првенства во Шведска (2003) и во Шпанија (2007).
Младите играчи кои допрва доаѓаат на европската кошаркарска сцена може само да учат од џентламенот на теренот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)




