На масата на која што треба да вечера британската кралица Елизабета Втора, освен школки не смее да има ништо друго што доаѓа од морето, а пред американскиот претседател Барак Обама не треба да се поставува зеленчук кој има црвена боја, бидејќи тој едноставно не го поднесува, пишуваат светските медиуми.
Ова е најомилената храна, но и онаа што не ја сакаат светските лидери, како актуелните така и поранешните.
Барак Обама
Доколку му дадете хот-дог на американскиот претседател, тој ќе биде среќен како дете. Но нема да поминете добро ако пред него изнесете цвекло, бидејќи тој не сака ниту да го замисли зеленчукот со црвена боја.
Кралицата Елизабета Втора
Нејзиното величество, освен школките, го мрази се она што доаѓа од морето, но затоа е голем љубител на џемови. Белиот леб, путер и џем се нејзиното омилено јадење.
Џорџ Буш
Овој поранешен претседател на САД толку ја мрази брокулата, што ја забранил во Белата куќа, но и во американските воздухопловни сили.
-Ги мразам брокулите уште откако мајка ми како мал ме тераше да ги јадам. Сега сум претседател на САД и не сакам повеќе да јадам брокули- истакнал Буш во една пригода, додека беше на претседателската функција.
Ким Џонг Ун
Севернокорејскиот лидер толку многу го сака сирењето „ементалер“, што испратил група свои експерти во францускиот град Бесанкон, за да студираат индустриско производство и еден ден „ементалер“ да произведуваат во Северна Кореја.
Никола Саркози
И покрај тоа што француското сирење има безброј обожаватели, поранешниот француски претседател не е еден од нив.Тој го исфрли од менито во Елисејската палата.
Папата Франциск
Римокатоличкиот поглавар сака едноставна храна, а пред да стане папа сам си ги подготвувал јадењата.
Тој се уште се држи до традиционалната кујна, а повремено знае да се почести со „багна кауда“, оброк направен од печен морков, целер, артичока полеана со лук и маслиново масло.
Владимир Путин
Поради страв да не биде отруен, рускиот лидер има човек кој ја дегустира храната пред него.
Роналд Реган
Овој некогашен американски претседател толку многу ги сакал желе бонбоните, што на неговата инаугурација во 1981 година се послужени дури 3,5 тони. Тој на масата во својата канцеларија секогаш имал чинија со желе бонбони.
-Многу може да дознаете за нечиј карактер доколку човекот зема само една боја од бонбоните или на пример си ја полни шаката- велеше тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.











