| четврток, 6 декември 2018 |

Што најмногу сакаат да јадат светските лидери?

Владимир Путин постојано бара тестирање на сета храна која се јаде, во случај да  некој  не му ставил отров. Тој не е голем љубител на алкохолот, но цени добри пива. Од десерти најомилен му е сладолед од шамфастак.

За разлика од него, францускиот претседател Франсоа Оланд  ја обожава храната толку многу што пред неколку години морал да биде на диета. Тој не може да одолее на хамбургери, чоколади и печива.

Ангела Меркел е вистинска домаќинка, па покрај многубројните обврски, наоѓа време и да си  зготви и сама некое вкусно јадење. Нејзините омилени јадења се унгарска супа од зеленчук и вегетаријанска супа.

Лидерот кој обожава азиската кујна е Џастин Трудо кој постојано  го посетува ресторанот Sakura Gardens во Монтреал. А неговото омилено јадење е суши.

Духовниот лидер Далај Лама пак обожава леб, сирење, печурки и тофу. Тој редовно си подготвува сам, а знае и како да се направи кнедли и да си испече леб со путер и зеленчук.

Меѓу светските лидери кои се фанови на калоричните храна е и Доналд Трамп. Тој обожава хамбургери, стекови и омлет. Неговата ќерка Иванка неодамна изјави дека многу би  сакала тој да се храни поздраво.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top