
Винсент ван Гог, еден од најпознатите, највлијателни и најценети сликари на светот почина на 29 јули 1890 година откако два дена претходно си пукаше во градите. Тој почина два дена по обидот за самоубиство.
Поради длабока депресија 1889 година, на сопствено барање е примен во психијатриската болница во Сан Реми. Имаше само 37 години кога си го одзеде животот.
Додека беше жив продаде само една слика, а своите најдобри дела ги наслика за помалку од три години, и тоа пред крајот на животот.
Неговото сликарство е специфично според движењата на четката, интензивните бои, како и линиите и формите. Беше многу плоден уметник, бидејќи за 10 години наслика околу 900 дела. Меѓу најпознатите дела му се Сончогледите, Ирисите, автопортретите, житните полјани со чемпересите…
Тој е еден од најголемите сликари на постимперионизмот и творец на колоритниот експресионизам и децении по неговата смрт еден од највлијателните фигури во уметноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


