| четврток, 6 декември 2018 |

Осум гола на два меча, рафална стрелба на ветеранот Лафата (видео)

Чешкиот репрезентативец Давид Лафата игра неверојатен циклус квалификациски натпревари во Лигата на шампионите и веќе постигна 8 гола на два натпревари за Спарта Прага.

Вчера 32-годишниот шпиц на чешкиот шампион забележа хет-трик и беше најзаслужен за победата на Спарта од 4-2 против Малме. Швеѓаните на двапати водеа со 1-0 и 2-1, но не најдоа чаре за Лафата, кој им даде 3 гола.

Во претходното второ квалификациско коло Давид постигна 5 гола на дуелот со Левадија, што Спарта го доби со 7-0, па засега е убедливо најдобар стрелец во квалификациите за ЛШ со вкпуно 8 погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top