Водечкиот експерт на Сиера Леона во борбата со еболата почина вчера од оваа смртоносна болест, соопштија локалните власти.
Докторот Шеик Умар Хан бил примен во болница под карантин, откако се заразил со вирусот од кој годинава животот го загубија над 670 лица во Западна Африка.
Епидемијата на ебола ги зафати Сиера Леоне, Либерија, Гвинеја и Нигерија.
Не постои вакцина против еболата, ниту специјален лекарски третман, а смртноста изнесува најмалку 60 проценти.
Шеик Умар Хан лекувал над 100 заразени во Сиера Леоне пред да се зарази и да биде префрлен во центар за лекување, раководен од организацијата „Лекари без граници“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



