| четврток, 6 декември 2018 |

Првенецот на Диего Коста во дресот на Челси (видео)

diego costa

Викендов лондонскиот тим Челси одигра пријателски натпревар во Љубљана против тимот на Олимпија. Резултатот не беше во преден план. За одбележување е првиот гол на бразилскиот шпанец Диего Коста во редовите на „сините“ од Лондон.
Двете најзвучни засилувања во тимот на Жозе Мурињо Сеск Фабрегас и Диего Коста учествуваа во акцијата во која овој вториот ладнокрвно во манир на расен стрелец го погоди поблискиот агол од голот на Олимпија.
Една од причините зошто е доведен Коста во тимот е што минатата сезона сите напаѓачи во самата завршница на акцијата знаеја да погрешат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top