| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинетиот војник во случајот „Викиликс“ негира дека му помагал на непријателот

manningban

Американскиот војник Бредли Менинг, кој е обвинет дека на сајтот Викиликс му испраќал доверливи документи, понуди денеска да ја признае вината за 10 од 22 точки од обвинението, но негираше дека е виновен за најтешката од нив, а тоа е помагање на непријателот, пренесува МИА

Менинг (25) демантира дека тоа што на Викиликс му испратил стотина илјади доверливи документи од американската Влада, претставува соработка со непријателите на САД.

Судијата на воениот суд во базата Форт Мид во Мериленд треба да одлучи дали ќе го прифати признавањето на вината од страна на обвинетиот и ќе му дозволи да прочита изјава пред судот во која ги објаснува своите постапки.

Менинг понуди да признае дека е виновен, меѓу другото, за давање доверливи документи на Викиликс, со што ги прекршил воените правила, но не, како што тврди, и американските закони за шпионажа.

Доколку судијата го прифати неговото признавање на вината за дел од обвинението, Менинг би требало да биде осуден на 20 години затвор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top