Косовскиот премиер Хашим Тачи, на вонредна прес конференција, на која пред новинарите го прочитал говорот подготвен за пратениците во парламентот на Косово, изјави дека на граѓаните на Косово треба да им биде јасно и да бидат сигурни дека дијалогот кој се води со Србија нема да донесе никави последици за земјата.
– Имаше игнорантски гласини кои споменуваат Република Српска, специјален статус или автономија за северот. Јас ви гарантирам дека ваквите проекти се само во главите на следбениците на Слободан Милошевиќ. Таквите проекти никогаш нема да се имплементираат. Никогаш во Косово нема да има Република Српска, никогаш нема да има автономија, никогаш нема да иам специјаен статус, изјави Тачи.
Во истовреме, Тачи, нагласи дека асоциацијата на српски општини нема да има компентенции на извршна власт. – Тоа нема да се случи никогаш, категорично изјави Тачи. Тој го образложил досегашниот тек на дијалогот со Србија, споменувајќи ги постигнатите договори и придобивките за Косово од дијалогот.
– Ако Рамбуе донесе слобода за Косово, ако преговорите во Виена донесоа независност, дијалогот во Брисел конечно ќе ја нормализира нашата држава Република Косово, рече Тачи.
Тој го обвини движењето „Саоопределување“ за создавање, како што рече магла. – Целта им беше да оневозможат граѓаните на Косово да ја чујат вистината за дијалогот со Србија и да создадат магла. Транспарентноста и вистината никој не може да ги запре. Ние ќе ја кажеме вистината бидејќи не прикриваме ништо. Ние го почитуваме Уставот на Република Косово и планот на Ахтисари, рече Тачи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации