| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски: До октомври ја чекам опозицијата, а потоа нивните оставки ги ставам пред пратениците

Veljanovski-2-copy

До октомври ќе ја чекам опозицијата да се врати во Собранието. Потоа, нивните оставки ќе ги ставам пред пратениците, изјави Трајко Вељаноски, претседател на македонскиот парламент.

Вељаноски информираше дека до овој рок, се очекува да бидат донесени Уставните измени, да се изврши ребаланс на буџетот и  Македонија да го добие Извештајот за напредокот од Европската комисија. Според спикерот, тоа се доволно причини СДСМ да се вклучи во работата на Собранието и даде свој придонес во моменти кои се важни за креирањето на иднината на државата.

Од денеска седумте-нацрт амандмани на Уставот влегуваат во Собранието. За да бидат имплементирани во највисокиот правен акт, треба да поминат неколку собраниски филтри  и едномесечна јавна расправа за да кон крајот на октомври, бидат ставени на гласање пред пратениците. За да бидат усвоени потребно е двотретинско мнозинство, односно гласот на 82 пратеници.

Со нив се дефринира бракот како заедница меѓу еден маж и една жена но и вонбрачната заедница. Се менува начинот на избор на членовите на судскиот совет. Ново име добива Народната банка, а Државниот завод за ревизија станува независтен државен орган.

Измените превидуваат и формирање на финансиска зона како и ограничување на задолжувањето на државата и просторот за буџетски дефицит. Последната уставна измена се однсеува на надлежностите на Уставниот суд, односно се отвора можност за воведување на уставна жалба.

Вељаноски се надева дека опозиционерите по одмоите ќе се вратат во Собранието за да можат да учествуваат и на расправата за реблаансот на буџетот која е закажана за 25 август. Со нвините предлози и забелешки, Вељаноски очекува прераспределбата на буџетските средства да биде усвоена кон средината на септември.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top