| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарци: Такси-возило прегазило девојка

policija-2

Тешко е повредена 25-годишна жителка на Кавадарци откако во неа удрило такси-возило, објави „Денвик“.

– На пубичната коска девојката има две скршеници. Станува збор за тешка телесна повреда, нема да се лекува оперативно,  туку конзервативно. Ќе биде сѐ во ред, таа останува извесен период на лекување на хируршкото одделение. Ќе ја следиме постојано нејзината здравствена состојба – рече доктор Благојче Митев, хирург во болницата.

Девојката настрадала близу позната продавница за бели печива во централното градско подрачје, а во неа удрило такси-возило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top