Русија смета дека извештајот за Украина на високиот комесар за човекови права на ОН е необјективен и лицемерен, изјави потпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич.
– Главниот заклучок за извештајот е дека е необјективен, дури и лицемерен. Клучната порака е дека украинската влада може легитимно да употреби сила за обновување на редот и законите во источниот дел на земјата. Со ова всушност се оправдуваат украинските казнени операции – изјави Лукашевич.
Вчера ООН објави извештај во кој се осудува употребата на тешко вооружување во населените места, како од украинската армија, така и од проруските бунтовници.
– Во извештајот на набљудувачката мисија на ОН не стои главното: барање за итно запирање на воените операции, кои ги водат властите во Киев против сопствениот народ. Ако тоа недостасува, зборувањето за човековите права во Украина станува бесмислено – изјави Лукашевич.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


