| четврток, 6 декември 2018 |

Гласините за развод се погласни, Бијонсе бара стан

бијонсе

Гласините за несогласувања во бракот меѓу Бијонсе и Џеј Зи се се погласни, а нив дополнително ги подгреа фактот дека пејачката почнала да бара стан за купување.

Според пишувањето на „Њујорк пост“, Бијоне неодамна била да види стан во богатиот кварт на градот, кој чини околу 21.5 милиони долари.

-Беше многу тиха, само го разгледуваше станот, а на крај на агентот му порача дека ќе останат во контакт – рекол извор близок на весникот.

Меѓутоа Бијонсе и Џеј Зи се обидуваат на сите можни начини да ги срушат овие гласини, па дури и тргнаа на турнеја заедно, а на крај на секој концерт се бакнуваат, па јавноста поради тоа се сомнева во нивен развод.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top