Романија и Југославија пред речиси 37 години го одиграа еден од најдобрите и највозбудливи фудбалски натпревари на сите времиња, во Букурешт на 23 ноември 1977 година.
При крај беа квалификациите за настап на мундијалот во Аргентина 1978 година, а победникот од Букурешт имаше шанси да се пласира на СП.
Иако веројатно сите очекуваат тврд меч со малку голови бидејќи влогот беше голем, паднаа дури 10 гола, шест од нив во мрежата на Думитру Морару, романскиот чувар на мрежата.
Лош ден имаше и Петар Борота, југословенскиот голман, но го „покрија“ напаѓачите предводени од актуелниот селектор на Босна и Херцеговина, Сафет Сушиќ. Популарниот Папе постигна три гола и одигра маестрално, а печат на победата на Југолсавија со по еден гол ставија и Мужиниќ, Трифуновиќ и Филиповиќ.
Што се случуваше во Букурешт на 13 ноември 1977 година погледнете во видеото, а кои се најдобрите и најдраматични 5 натпревари во историјата на фудбалот на ниво на репрезентации прочитајте во следниот број на магазинот „Република“ што ќе излезе од печат в петок, први јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)