Неодамнешните студии покажаа дека мажите со помали тестиси се позагрижени за нивното потомство.
Емори Универзитетот во Атланта спроведе студија за врската меѓу големината на тестисите и татковство. Големината на тестисите е всушност поврзана со нивото на машкиот хормон тестостерон и сперматозоидите.
Во текот на истражувањето, испитаниците гледаа во фотографии од нивните и од непознати деца, а со магнетна резонанца се мереше нивната мозочна активност во центарот за родителска мотивација. Резултатите покажале дека момците со помали тестиси се поемоционални, поповрзани со нивните деца и повеќе вклучени во нивните животи.
Извор: Cosmopolitan.hr
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


