Главниот обвинител за истрагата за трговијата со човечки органи во Косово во 1999 година, Клинт Вилијамсон, денеска во Брисел изјави дека не се најдени доволно докази оти на киднапирани лица насилно им биле вадени
органи.
– Тоа што засега нема докази не значи дека нема да ги има – укажа Вилијамсон и додаде дека станува збор за „дивјачка постапка за која нема оправдување“.
Тој потсети дека во извештајот на швајцарскиот сенатор Дик Марти беше посочено оти станува збор за „неколку“ случаи, а не за стотици, како што се шпекулираше во медиумите.
Вилијамсон изјави дека се најдени докази за систематски злосторства врз националните малцинства во Косово, пред сѐ врз Срби и Роми.
– Делови од командната структура на Ослободителната војска на Косово (ОВК) по завршувањето на судирите во Косово во 1999 година организирале етничко чистење јужно од Ибар, а потоа и елиминација на политичките ривали – изјави Вилијамсон, додавајќи дека не станува збор за индивидуални случаи, туку за организирана кампања во која учествувал врвот на ОВК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации