Групата меѓународни стручњаци веќе трет ден по ред не успеа да дојде до местото на уривањето на малезискиот авион, поради борбите меѓу украинските и проруските сили, соопшти денеска холандското Министерство за правда.
– Групата холандски и австралиски стручњаци не тргна од Донецк кон местото на несреќата во источниот дел на Украина. Моментно се на пат, а околу местото на несреќата се водат премногу жестоки судири, се наведува во соопштението.
При борбите околу градовите Шахтјорск и Торез бунтовниците ја загубиле контролата врз селото Расипное, каде што се наоѓаат дел од остатоците на урнатиот авион. Украинското Министерство за одбрана соопшти и дека продолжуваат борбите за „целосно ослободување на градовите Первомајск и Сњежноје“.
Жителите на Шахтјорск го напуштале градот во паника, а една повеќекатница била погодена од најмалку две гранати.
Министерство информира дека украинската војска влегла во Шахтјорск, но дека контролните пунктови кои го блокираат влезот на градот од западниот дел се под контрола на бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.