Вооружени пирати крај брегот на Гана грабнале танкер со нафта во кој имало 20 членови на екипажот, државјани на Кина, Мјанмар, Кореја и Сингапур, јави ИТАР-ТАСС.
Контактот со бродот бил загубен уште на 26 јули, по што станало јасно дека е грабнат.
Танкерот ѝ припаѓа на сингапурска транспортна компанија и служи за превоз на нафта од западното крајбрежје на Африка.
Сингапурските власти во моментов преземаат активности за ослободување на грабнатите морнари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.