| четврток, 6 декември 2018 |

Танкер полн со нафта се зари во пристаниште во Хрватска

Танкер што пренесувал 27.000 кубика нафта се зари во пристаништето Плоче, кое се наоѓа помеѓу Сплит и Дубровник.

При ударот дел од пристаништето падна во морето, заедно со апаратурата за истовар на нафта и плин.

Поради несреќата, отежнето е снабдувањето со нафта и деривати во Далмација, пренесе „Јутарњи лист“.

Како што се наведува, оштетени се уредите за истовар на нафтата кои останале на пристаништето, а оштетувања има и кај бродот. Танкерот не е пробиен од ударот, па нафтата не протекла во морето.

Според проценка на стручните лица, штетата се мери во милиони евра.

Со оглед на тоа што пристаништето е оштетено, не можат да пристигнат другите бродови кои требало да бидат растоварени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top