| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул ја има најтетовираната одбрана во Англија (фото)

Со доаѓањето на хрватскиот репрезентативец во Ливерпул, Дејан Ловрен, кој играше во Саутемптон, одбранбените играчи во тимот од „Енфилд роуд“ добија уште едно име, најтетовирана одбрана.
Ливерпул го потврди доаѓањето на Ловрен од Саутемптон за сума од 20 милиони фунти. Со тој трансфер се комплетираше последната линија во одбраната на тренерот Брендон Роџерс кој покрај Ловрен во тимот ги има и Даниел Агер, Глен Џонсон и Мартин Шкртел.

lovren tetovaza

lovren tetovaza 1

Интересно за овие четворица играчи е што имаат повеќе тетоважи на своето тело.
Ловрен го красат „уметнички дела“ на левото рамо, десната надлактица, ребрата и на левата подлактица.
Сепак, Хрватот е како мало дете во однос на своите нови соиграчи кога се работи за тетоважите на нивните тела.

glen johnson tetovaza

Глен Џонсон ги има истетовирано двете раце, исто како и Словакот Шкртел, кој има и порака на градите.

martin shkrtel tetovaza

Сепак, „капитен“ во однос на нив е Данецот Даниел Агер. Тој го има истетовирано речиси целото тело.
Од „нацртани“ цели раце, преку пораки до своите родители на нозете до целиот грб со викиншки гробишта, познатата порака кон навивачите на Ливерпул и ѓердан околу вратот.

daniel ager tetovaza

daniel ager tetovaza 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top