| четврток, 6 декември 2018 |

Шок во Бразил, Роналдињо ќе игра за аргентиски клуб?

Еден од најдобрите играчи во светот и поранешен играч на ПСЖ, Барселона и на Милан, бразилскиот ас Роналдињо, го раскина договорот со Атлетико Минеиро и до крајот на неделата треба да се пресели во аргентинскиот клуб Бока Јуниорс.
Тоа што бразилските медиуми го најавуваа во текот на викендот доби своја потврда. Роналдињо го раскина договорот со својот клуб со кого ги освои јужноамериканската Лига на шампиони (Копа Либертадорес), првенството на Бразил како и јужноамериканскиот Суперкуп против Ланус минатата недела. Тоа воедно му беше и последниот натпревар во Атлетико со кого имаше договор до 31 декември оваа година.
Некогашниот освојувач на „Златната топка“ сега е слободен играч, но тоа нема да биде за долго. Роналдињо веќе има понуди да се пресели на Блискиот Исток или во американската МСЛ лига.
Своите планови миленикот на бразилската нација ќе ги обелодени в среда на прес-конференија кога ќе се дознае каде ќе ја продолжи кариерата.
Најблиску до неговиот потпис е гигантот од Аргентина, Бока Јуниорс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top