| четврток, 6 декември 2018 |

Не е секој за паненка (видео)

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Миранда, се обиде да го изведе легендарниот удар од белата точка наречен паненка и ја упати топката високо над голот.

Антонин Паненка е познатиот чешки фудбалер што прв го изведе ударот од пенал, поткопувајќи ја топката, која во висок лак го измами легендарниот германски голман Сеп Маер.

Во последно време вистински фудбалски тренд е да се шутира пенал во стилот на Паненка, но не успева секој да ја изведе врвната мајсторија што ја измисли чешкиот фудбалер на ЕП во 1976 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top