| четврток, 6 декември 2018 |

Перо и Ружица Антиќ маскирани за роденденот на синот Лука

pero antic 2Лука, синот на еден од најдобрите македонски кошаркарски репрезентативци, го прослави својот 6-ти роденден со маскенбал среде Атина. Поради ангажманот во европскиот првак „Олимпијакос“, семејството на Перо Антиќ од неодамна живее во Грција, па затоа што малиот Лука се уште нема многу пријатели на негова возраст, родителите му приредиле одлична домашна журка.

– Лука полнеше 6 години а во Атина нема другарчиња. На колегите на Перо децата им се бебиња и немаше кој да го дружи во игротека, па одлучивме кога во април ќе дојдеме во Скопје ќе му славиме роденден во игротека. Но, за да не биде тажен решивме сите дома да се маскираме, па дури и Павле и брат му и татко му на Перо, кои ни беа дојдени на гости. Лука беше пресреќен а Павел кога не виде маскирани не знаеше кај се наоѓа од што се плашеше од нас. Не не препозна и се распамети од нашите маски. Но, славеникот Лука, пак, беше пресреќен. Сите игравме во негова чест – изјави за весникот „Вест“ сопругата на Перо, Ружица.

ruzica antic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top